Дома Фудбал Останато Хрватот Бобан добива работа во нов клуб од Серија А?

Хрватот Бобан добива работа во нов клуб од Серија А?

Иван Јуриќ го наследи Даниеле Де Роси, но во клубот сега бараат замена и за извршната директор Лина Солукоко која си поднесе оставка.

Според последните информации, нов директор на „волчицата“ може да биде Хрватот Звонимир Бобан кој во минатото работеше во Милан.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека токму Гркинката стоела зад отказот на Де Роси поради што добивала критики и закани од одреден број навивачи. Тие закани биле и причината да се повлече.

Последните информации говорат дека Бобан кој во овој момент е без ангажман е главен фаворит да ја наследи, иако се споменуваа и уште неколку имиња.

Бобан во својата кариера имаше и ангажман во УЕФА, а си замина по несогласувањата со Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо се интересира од Марко Асенсио

Позајмицата на шпанскиот офанзивен играч за врска Марко Асенсио во Астон Вила заврши, но с…