Дома Македонски спорт Херојот Марко најави уште поголем подвиг на празникот „Голема Богородица“: Мама ве чека на нервно!

Херојот Марко најави уште поголем подвиг на празникот „Голема Богородица“: Мама ве чека на нервно!

marko

13 годишниот Марко Пејчиновски минатата година направи голем подвиг откако за девет часа го преплива Охридското езеро.

На својот Фејсбук профил Марко денес најави нов голем подвиг.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, Марко сега ќе плива од Охрид кон Свети Наум каде ќе се упати кон Струга и ќе се врати во Охрид.

Мораме да споменеме дека успесите на Марко дополнително добиваат на значење ако се знае дека има доживеано инфракт на коска на долните екстремитет.

„Здраво. Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!

П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт“, стои во објавата на Марко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…