Дома Фудбал Французите не можат да поверуваат во она што го направи Мбапе пред СП: Замина од кампот и предизвика бес!

Французите не можат да поверуваат во она што го направи Мбапе пред СП: Замина од кампот и предизвика бес!

Зад Килијан Мбапе е навистина бурна година. Француската ѕвезда постигнуваше голови во дресот на Реал Мадрид, но тоа не ги спречи навивачите од натпревар до натпревар да го пречекуваат со свирежи.

Причини многу. Неговото егоистично и надмено однесување не им се допаѓа на фановите на кралскиот клуб, многумина не можат да го поднесат, а сега успеа на себе да го навлече и гневот на француските навивачи.

Среде подготовките за Светското првенство, Мбапе си зема слободен ден, оправдувајќи го тоа со ‘лични причини’. Замина во Мадрид.

Во меѓувреме беше забележан со девојка во Мадрид. Тоа ги разбесни француските навивачи кои го обвинуваат на социјалните мрежи.

“Значи, поважно му е да помине ноќ со девојката, отколку репрезентацијата. Воопшто не е посветен на националниот тим”, еден од коментарите, а другиот се надоврзува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…