Дома Фудбал Венгер знае кој ќе го освои Мундијалот!

Венгер знае кој ќе го освои Мундијалот!

Арсен Венгер смета дека Франција има доволно квалитет за да го освои следното ФИФА Светско првенство. Истакна дека репрезентацијата поседува широк избор врвни играчи, искуство од големите натпреварувања и континуитет во работата на стручниот штаб.

Венгер оценува дека тимот е добро избалансиран и може рамноправно да се носи со најсилните селекции во светот. Посебно нагласува длабочината на кадарот, односно можноста Франција да задржи висок ниво на игра и кога ќе дојде до ротации или проблеми со повредите.

Според неговото мислење, главниот предуслов ќе биде екипата да остане здрава и клучните фудбалери да бидат во добра форма за време на турнирот. Со такви околности, верува дека Франција има реални шанси да ја освои светската титула повторно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понуди од 100 милиони за Фермин: Јунајтед и Челси притискаат, но имаат голема пречка

Барселона наводно добила понуди од околу 100 милиони евра за Фермин Лопез. Јунајтед и Челс…