Дома Фудбал Одлични вести за Шпанија пред Светското првенство: Де ла Фуенте откри каква е состојбата на Јамал и Вилијамс

Одлични вести за Шпанија пред Светското првенство: Де ла Фуенте откри каква е состојбата на Јамал и Вилијамс

Шпанската репрезентација доби многу добри вести само неколку дена пред почетокот на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека очекува Ламин Јамал и Нико Вилијамс да бидат подготвени за настап во првиот натпревар на Мундијалот против Зеленортските Острови.

Последните седмици во Шпанија владееше загриженост за здравствената состојба на двајцата клучни напаѓачи, особено откако се појавија информации дека нивното опоравување може да трае подолго од очекуваното.

Сепак, според зборовите на селекторот на “Фуријата”, стручниот тим внимателно ја следи ситуацијата и е оптимистичен пред почетокот на турнирот.

“Да. Имавме состаноци со нив и долго време го следиме нивното опоравување. Нашиот медицински персонал и кондициските тренери постојано се во контакт со нивните клубови.

Имаме многу јасна слика за роковите и датумите. Верувам дека ќе бидат подготвени за првиот натпревар”, рече Де ла Фуенте.

Сепак, шпанскиот селектор не сакаше да гарантира дека двајцата веднаш ќе бидат во стартната постава.

“По тоа ќе процениме дали е препорачливо да добијат минутажа или е подобро да почекаме уште малку.”

Особено го радува фактот дека обајцата се максимално мотивирани пред настапот на најголемиот фудбалски настан.

“Најважно е што се многу возбудени. Неверојатно се мотивирани. Би играле веднаш доколку им дозволиме”, додаде селекторот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…