
Јошко Гвардиол би можел да го направи трансферот на неговата кариера. Реал Мадрид го посакува во своите редови, а вечерва пристигна потврда дека Хрватот е прв избор на Жозе Мурињо и дека е избран пред Италијанецот Рикардо Калафиори.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Реал Мадрид нема да направи чекор за трансфер на Рикардо Калафиори. Тие го посакуваат Гвардиол”, наведува Фабрисио Романо и додава:
“Сега е на Гвардиол да донесе одлука – дали да дојде во Реал Мадрид или да ја продолжи соработката со Манчестер Сити.”
Баерн отпадна од игра. Германците се насочуваат кон други работи, а во одлуката на Реал пресудил Жозе Мурињо.
“Приоритет на Жозе Мурињо е потпишување на дефанзивец кој може да ги покрива позициите на стопер и лев бек. Јошко Гвардиол е типот кој го посакуваат. Го сакаат и е сериозна опција.”
“Од друга страна, Рикардо Калафиори беше можен избор, но ништо конкретно не се случи.”
Гвардиол би можел да ги чини Реал околу 70 милиони евра. Останува да видиме што ќе одлучи хрватскиот дефанзивец.