
Од Интер се многу блиску до потпишување на централниот дефанзивец на Удинезе Умар Соле, пренесуваат во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според Џанлука Ди Марцио, „нероазурите“ се надеваат да ја затворат зделката со понуда вредна 20+2 милиони евра, додека според „Газета дело спорт“ поставената цена е 25 милиони. Николо Скира пак пишува дека Интер се договорил со Соле за договор до 2031 година со плата од 2,4 милиони евра годишно.
Се очекува зделката да биде оформена како првичен заем со задолжителна опција за купување после првата освоена точка на италијанскиот шампион од февруари натаму. Во минатата сезона 26-годишниот Французин одигра вкупно 38 натпревари со три гола и една асистенција.
Меѓутоа, Интер е заинтересиран и за негов сонародник, кој исто така игра во Удинезе. Станува збор за Артур Ата, кој е алтернативна трансферна цел на Кертис Џонс од Ливерпул, со цена над 20 милиони евра.