
Откако денеска ги доби противниците за Светското првенство во Германија, македонската ракометна репрезентација го дозна и распоредот на натпреварите во групната фаза од шампионатот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нашата селекција, која на ждрепката беше сместена во вториот шешир, ќе настапува во групата Х, каде што за противници ги доби репрезентациите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург.
Според системот на натпреварување, трите најдобропласирани селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната фаза на шампионатот. Во втората рунда репрезентациите ќе бидат распределени во четири нови групи и ќе ја продолжат битката за пласман во елиминациската фаза.
Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари следната година, а домаќини на натпреварите ќе бидат германските градови Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.