Дома Фудбал Тухел: Англија не е фаворит за освојување на Светското првенство

Тухел: Англија не е фаворит за освојување на Светското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави денеска дека неговата екипа не е фаворит за освојување на Светското првенство што утре започнува во САД, Канада и Мексико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според прогнозите, Англија е трет фаворит за освојување на титулата, зад Шпанија и Франција, но нема освоено ниту еден трофеј од 1966 година. 

Тухел рече дека недостатокот на трофеи на претходните големи натпреварувања значи дека Англија во хиерархијата е зад другите репрезентации. 

Не можеме да бидеме еден од фаворитите бидејќи толку долго не сме освоиле трофеј. Постојат докажани победници на турнирите, тие се фаворити. Можеме да се натпреваруваме за трофејот и да сонуваме големи соништа. Знаеме што е потребно. Нашата одговорност е во трудот, тука е фокусот, се гледаме себеси како натпреварувачи и предизвикувачи. Сакаме да одиме до крај. Не мислам дека сме големи фаворити, но сакаме да освоиме“, рече Тухел, пренесе Скај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја исполни желбата на Аргентина пред полуфиналето со Англија

ФИФА го прифати посебното барање на фудбалската репрезентација на Аргентина пред полуфинал…