Дома Фудбал Хит реакција на Меси: Противникот дојде да се поздрави со него, а потоа му откри нешто што го воодушеви (Видео)

Хит реакција на Меси: Противникот дојде да се поздрави со него, а потоа му откри нешто што го воодушеви (Видео)

Аргентинската фудбалска репрезентација успешно го заврши последниот тест пред почетокот на Светското првенство во Северна Америка, совладувајќи го убедливо Исланд со резултат 3:0 (1:0) во Обурн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мечот беше во знакот и на Лионел Меси, кој се запиша во листата на стрелците во 72. минута, веднаш штом влезе на теренот од клупата за резерви.

По завршувањето на натпреварот, следуваше традиционалниот поздрав меѓу двата тима, а исландските играчи ја искористија шансата да го поздрават легендарниот 38-годишник.

Меѓу нив беше и младиот, 20-годишен напаѓач на Малме, Даниел Гудјонсен, чие присуство за момент го збунуваше славниот Аргентинец.

Меси застана со израз на лице кој покажуваше недоумка, но исландскиот фудбалер брзо му ја разреши загатката. Му објасни дека е син на Ејдур Гудјонсен, некогашниот играч на Барселона, кој за три сезони беше соиграч на Меси, до историјското освојување на тројната круна во 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…