Дома Фудбал Душан Влаховиќ понуден на Атлетико, Барселона и Реал: Шамарот што го доби ќе боли до крајот на кариерата!

Душан Влаховиќ понуден на Атлетико, Барселона и Реал: Шамарот што го доби ќе боли до крајот на кариерата!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е во потрага по нов клуб откако не беше договорено продолжување на соработката со Јувентус. Неговите услуги претходните денови беа понудени на најголемите шпански клубови, но никој не размислуваше да го потпише.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барањата на Душан Влаховиќ за Јувентус беа превисоки. Србинот бараше плата од осум милиони евра нето и 30 милиони евра бруто како бонус и компензација за потписот, па од редовите на Старата дама веднаш ја завршија приказната околу неговото ангажирање.

Во меѓувреме, агентот ги понуди услугите на 26-годишниот српски напаѓач на најголемите шпански клубови. Чукна на вратите на Атлетико Мадрид, Барселона и Реал. На сите три адреси го доби истиот одговор – Нема шанси.

“Душан Влаховиќ е понуден на Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид како слободен играч. Ниеден клуб не сакаше да ја плати сумата што ја бараа”, наведува новинарот Матео Моретто.

Очигледно во шпанските гиганти не гледаат корист да издвојуваат огромни средства за човек кој исчезнува во големите натпревари и кој не прави премногу разлика на теренот, особено не против врвни ривали.

Влаховиќ и неговиот тим едноставно бараат премногу пари. Јувентус се опари со плата од 12 милиони евра нето во текот на изминатите четири години и никој не сака да ја повтори нивната грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна договор: Костадинов потпиша до 2028 година!

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов и во следните две сезони ќе го носи дресот…