Дома Останати Авто Мото „Хамилтон мора да си признае дека Расел е подобар од него“

„Хамилтон мора да си признае дека Расел е подобар од него“

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон поминува низ тешки моменти во каирерата.

Откако на отварањето на сезоната стигна до третото место и победничкиот пиедестал во Бахреин, возачот на Марцедес во наредните три трки не беше блиску до водечките. Се кулминираше на претходната трка во Имола каде што Хамилтон беше дури 13. И не освои бодови. Освен тоа неговиот најголем ривал Британецот Макс Верстапен од Ред Бул го помина за цел круг.

Она што дополнително можеби го боли Хамилтон е што неговиот клупски колега Џорџ Расел на секоја трка заврши меѓу топ 5 и во овој момент е подобро пласиран. Свој коментар на оваа тема даде и Ралф Шумахер.

„Треба да зборуваме за Хамилтон. Мора да се запраша зошто Расел е подобар од него на трките, мора да си признае дека Расел во овој момент е подобар возач од него. Ако вака продолжи Расел може да стане прв возач на Мерцедес“, сметал Ралф Шумахер.

Наредната трка во шампионатот се вози во Мајами на 8. мај, лидер во генералниот пласман е возачот на Ферари Шарл Леклер, а Хамилтон е седми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Скандал во Ф1, може да му биде одземена титулата на Верстапен

Најбрзиот возач минатата сезона во Формула 1, Макс Верстапен би можел да остане без шампио…