Tимот на Мерцедес по крајот на следната сезона ќе се раздели со Луис Хамилтон бидејќи Британецот се сели во Ферари, а денеска е претставен и последниот болид кој ќе го вози Хамилтон од Мерцедес.
Мерцедес ја враќа „сребрената стрела“ со комбинација на сива и црна боја. Презентацијата во Англија им претходеше на првите тестови на болидот на „Силверстоун“. Свое обраќање имаше и Хамилтон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Минатата недела беше емотивна. Дојдов во тимот во 2013 година, тука су 11 години, ќе ја возам 12-тата. Привилегија е да се работи со оваа група. Сега највозбудливот дел од сезоната, промоцијата на болидите, моментот кога првпат ќе го пробате на патеката“, изјави Хамилтон.
Во неговата последна сезона, Хамилтон повторно ќе вози во тим со Џорџ Расел.