
Како што е познато дел од португалски Спортинг се двајца Македонци, заменик капитенот во А репрезентацијата Стефан Ристовски и младинскиот репрезентативец Димитар Митровски.
Нормално е двајцата да комуницираат во Спортинг, па денес тоа го потврдија и со фотографија на социјалните мрежи. Митровски и Ристовски биле на заеднички ручек.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Инаку, Ристовски можеше да замине од Спортинг затоа што е во немилост на тренерот Рубен Аморим кој не смета на него, сепак заменик капитенот од репрезентацијата остана во редовите на португалскиот клуб.
