Дома Фудбал Стефан Ристовски прави трансфер во Србија?

Стефан Ристовски прави трансфер во Србија?

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски е на чекор до нов трансфер, а според информациите од српските медиуми, својата кариера би можел да ја продолжи во редовите на Нови Пазар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Десниот бек, кој настапува за Сараево, наводно е една од главните желби на српскиот суперлигаш. Дополнителен интерес предизвикаа шпекулациите дека во Нови Пазар би можел да пристигне заедно со искусниот Адем Љајиќ.

Локалните медиуми пренесуваат дека двајцата фудбалери веќе биле забележани во градот, што уште повеќе ги засили гласините за нивниот можен ангажман. Сепак, засега нема официјална потврда од клубовите дека трансферите се финализирани.

Ристовски во Сараево пристигна минатото лето како едно од најзвучните засилувања. Во дресот на босанскиот клуб досега забележа 36 настапи, при што постигна три погодоци и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moдриќ по една сезона го менува бројот во Милан?

Лука Модриќ од наредната сезона би можел да го носи бројот 10 во Милан, но само ако Рафаел…