Дома Фудбал Англија Фановите на Јунајтед бесни поради односот на Лукаку кон клубот

Фановите на Јунајтед бесни поради односот на Лукаку кон клубот

0

Ромелу Лукаку се уште е член на Манчестер Јунајтед иако со недели се шпекулира за тоа дека ќе го напушти клубот.

Интерес за белгијскиот напаѓач покажуваат Јунветус и Интер, но италијанските клубови се уште не постигнаа договор со Црвените ѓаволи. Проблем за Лукаку е што веќе некое време воопшто не тренира со екипата.

Лукаку на изненадување на сите вчера се појави на тренингот на Андерлехт, за кој играше претходно неколку години. Клубот му дозволил да тренира со нив додека има потреба.

Напаѓачот и денеска се појави на тренинг на Андерлехт со што предизвика големо незадоволство кај навивачите на Јунајтед. На нив им е јасно дека Лукаку сака да замине, но многумина сметаат дека крајно непрофесионално е да се однесува така и тренира со друга екипа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Геа дефинитивно го пропушта дербито со Ливерпул

Во Манчестер Јунајтед може да здивнат затоа што повредата на Давид Де Геа не е од посериоз…