Дома Фудбал Една од трансферните цели на Манчестер Јунајтед побарал да го напушти Њукасл

Една од трансферните цели на Манчестер Јунајтед побарал да го напушти Њукасл

Левиот бек на Њукасл, Луис Хол, сака да го напушти тимот и е отворен за можноста да премине во Манчестер Јунајтед, тврдат бројни изданија на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крајниот бек има силно влошени односи со менаџерот на тимот Еди Хау, кого го обвинува за останувањето надвор од составот на “три лава” за Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Во последните недели од сезоната беше користен на десниот фланг и со поограничено време на теренот, што, според самиот играч, е главната причина поради која Тухел го исфрли од составот. Луис Хол го обвинува токму Еди Хау и поради таа причина сака да го напушти “Сент Џејмсис Парк”.

Од Манчестер Јунајтед, пак, бараат засилување на левата страна од одбраната и токму Хол е меѓу најспоменуваните имиња. Младинецот на Челси беше привлечен од “свраките” во летото 2023 година со позајмица, а една година подоцна договорот беше направен постојан за 33 милиони евра. Во последната кампања запиша 47 натпревари со две асистенции и еден гол.

Неговото претставување ја привлече вниманието на бројни клубови и моментално се смета за еден од најперспективните крајни бекови на Островот. Од друга страна, „црвените ѓаволи” располагаат единствено со Лук Шоу на таа позиција и сакаат да се засилат со играч кој може да ја преземе стартната позиција поради многуте проблеми со повреди на поранешниот фудбалер на Саутхемптон. Во моментот Луис Хол е проценет на околу 40 милиони евра, но од Њукасл ќе бараат минимум 50 милиони за да се согласат на договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има ли конфликт во Франција: Дембеле искрено за Мбапе!

Усман Дембеле застана во одбрана на Килијан Мбапе, истакнувајќи дека критиките насочени ко…