Дома Фудбал Меси го подобри рекордот на Клозе и сега е со најмногу голови во историјата на светските првенства

Меси го подобри рекордот на Клозе и сега е со најмногу голови во историјата на светските првенства

Суперѕвездата на Аргентина и светскиот фудбал Лионел Меси го испрати во историјата рекордот на Мирослав Клозе од 16 голови на светски првенства и сега е единствениот фудбалер со 17 погодоци на Мундијали.

Ова стана факт, откако капитенот на „гаучосите“ даде гол денес на Австрија за 1:0, со што го надмина постигнувањето на германскиот напаѓач, кое што не беше подобрено од 2014 година.

Ова е и четврти гол на Меси на Мундијалот 2026 по хет трикот во првиот натпревар од групната фаза со Алжир (3:0). Порано во натпреварот со австријците, играчот на Интер Мајами пропушти и пенал, но потоа се реваншира на најдобар начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…