Дома Фудбал Манчестер Јунајтед ги менува плановите: По двајца играчи за средина на терен, тргнуваат кон нова голема мета

Манчестер Јунајтед ги менува плановите: По двајца играчи за средина на терен, тргнуваат кон нова голема мета

Според пишувањето на The Sun, раководството на Манчестер Јунајтед смета дека средната линија е речиси комплетирана по договорениот доаѓање на Едерсон од Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот треба да пристигне на Олд Трафорд за околу 35 милиони фунти, додека клубот паралелно работи и на трансферот на Матеус Фернандес од Вест Хем.

Потоа фокусот ќе биде насочен кон левата страна од тимот.

Јунајтед ќе одлучи дали приоритет ќе биде левото крило или левиот бек, во зависност од развојот на ситуацијата на пазарот.

Меѓу имињата кои се на листата на желби се издвојуваат Крисенсио Самервил и Луис Хол.

Самервил имаше одличен Мундијал, а неговите настапи дополнително го зголемија интересот на големите европски клубови.

Од друга страна, Луис Хол наводно сака да игра во Лигата на шампионите, што би можело да ги отвори вратите за евентуален трансфер од Њукасл Јунајтед.

На Олд Трафорд се очекуваат и одредени заминувања.

Маркус Рашфорд и понатаму е еден од кандидатите за напуштање на клубот, а англиските медиуми наведуваат дека Манчестер Јунајтед повеќе не го смета за недопирлив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…