Дома Фудбал Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Златан Ибрахимовиќ даде забележлива изјава за современиот фудбал, овој пат по натпреварот на Шпанија, каде што посебно го критикуваше начинот на кој навивачите и медиумите ги избираат „главните ѕвезди“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швеѓанецот нагласи дека го збунува денешниот начин на следење на фудбалот, каде што, како што вели, често се занемарува тимскиот придонес и „невидливата“ работа на теренот.

„Гледав Шпанија и по натпреварот сите зборуваат за Ламин Јамал. Дали гледавме ист натпревар?“

Ибрахимовиќ смета дека многу поголемо влијание на играта имал Микел Ојарзабал, кого, според неговите зборови, ретко кој го спомнува бидејќи не прави спектакуларни потези за социјалните мрежи.

„Тој ја работеше ‘валканата работа’, правеше пробивања, отвораше простор, ја притискаше одбраната и се жртвуваше за тимот. Но бидејќи не прави неколку дриблинзи и нема вирелни клипови, никој не го спомнува.“

„Шпанија може да победи 5:0, а луѓето и понатаму ќе зборуваат само за еден играч. Ако Ојарзабал го имаше името на Јамал на грбот, ќе се збореше за изведба за Златна топка.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…