Дома Фудбал Герсон Родригез доби црвен картон на тренинг-натпревар помеѓу две екипи на Вардар

Герсон Родригез доби црвен картон на тренинг-натпревар помеѓу две екипи на Вардар

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките во италијанска Норчија, а денешниот тренинг беше збогатен со меѓусебен контролен натпревар на кој стручниот штаб имаше можност да ја провери формата на играчите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во составот на една од екипите настапија Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес и Омерагиќ, додека за противничкиот тим играа Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, Закариќ, Јаков и Герсон.

Победата со 2-1 ја однесе тимот во „црвено-црно“ дресови. Стрелци за победничкиот состав беа Спахиу и Куестас, додека единствениот погодок за поразениот тим го постигна Закариќ.

Правдата на овој интерен дуел ја делеше Даријан Илчевски, судија со потекло од Гостивар, кој е дел од судиската организација на Италијанската фудбалска федерација.

Посебно внимание привлече Герсон Родригез, кој поради црвен картон предвреме беше испратен во соблекувалната и не го доигра натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов претседател доби италијанскиот фудбал!

Фудбалската федерација на Италија доби нов претседател. Како ПАМЕТНО да типувате на World …