
Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури четири рекорди кои влегоа во историјата на Светските првенства. Во победата на актуелниот шампион против Австрија со 2:0 во втората рунда од групната фаза, Меси постигна и двата гола, поставувајќи рекорди кои се потврдени и од Гинисовата книга на рекорди.
Нов рекорд и втор гол за Меси
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси мечот го започна со промашување на пенал во 9-та минута, но тоа не го поколеба. Во 38-та минута, Факундо Медина му асистираше одлично, што му овозможи на капитенот на Аргентина да пробие низ одбраната на Австрија и со прецизен удар во долниот лев агол да го совлада голманот. За Меси тоа беше 17-от гол на СП, со што го надмина Мирослав Клосе, со кој до тогаш го делеше најголемиот број на голови на ова натпреварување.
Во петтата минута од судиското продолжение Меси повторно стрелаше и го подобри својот рекорд. Тој ја започна контрата и му ја предаде топката на Џулијан Алварез. Алварез се најде сам пред голманот на Австрија и шутираше, но беше непрецизен. Одбитата топка ја искористи Меси и го постигна својот 18-ти гол на СП. Головите и рекордите на Меси кои остануваат во историјата можете да ги видите ТУКА.
Четири нови историски рекорди
Во објавата по натпреварот, Гинисовата книга на рекорди го наведе достигнувањето на Меси: со вкупно 18 голови стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства, изиграл најмногу натпревари (28), забележал најмногу победи (18) и минал најмногу минути на терените на Мундијалите – вкупно 2489. „Сведоци сме на историја“, кусо истакнаа од Гинис во чест на најновите достигнувања на Меси на неговото шесто Светско првенство.
All the records broken by Lionel Messi today:
— Guinness World Records (@GWR) June 22, 2026
Most FIFA World Cup finals goals by a football (soccer) player – 18
Most FIFA World Cup matches played in by an individual – 28
Most matches won by a player at the football (soccer) FIFA World Cup – 18
Most minutes played in the…