Дома Фудбал Резултати од синоќешните натпревари: Мбапе и Халанд ја продолжуваат доминацијата, Алжир со триумф во арапското дерби

Резултати од синоќешните натпревари: Мбапе и Халанд ја продолжуваат доминацијата, Алжир со триумф во арапското дерби

Во текот на ноќта беа одиграни три натпревари од второто коло на групната фаза. Два од групата I и еден од групата J.

Од 23:00 Франција – Ирак 3:0

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франција во Филаделфија лесно го совлада Ирак на натпреварот обележан со прекин од два часа поради лоши временски услови. Стрелците на головите беа Килиан Мбапе во 14. и 54. минута, како и Усман Дембеле во 66. минута. Мбапе досега постигна четири гола во првите два натпревари на СП. Франција веќе го осигура својот пат во елиминациската фаза пред последното коло од групите.

Од 02:00 Норвешка – Сенегал 3:2

Норвешка се придружи на Франција во фазата на елиминации со победа над Сенегал во Њу Џерси, благодарение на која си обезбеди пласман. Маркус Педерсен ја донесе предноста за Норвешка во 43. минута. Ерлинг Халанд го зголеми водството на 2:0 во 48. минута. Пет минути подоцна, Исмаила Сар го намали резултатот на 2:1.

Халанд со својот втор гол во 58. минута ја врати предноста од два гола за Норвешка. Конечното 3:2 го постави повторно Сар во третата минута од надополнувањето. Халанд со своите два гола се искачи до второто место на листата на стрелци, заедно со Мбапе, додека на врвот е Лионел Меси со пет гола.

Од 05:00 Јордан – Алжир 1:2

Алжир во дербито на арапските светови успеа да направи пресврт и да го совлада Јордан во натпреварот од групата J во Санта Клара. Јордан поведоа со гол од Низар Ал-Рашдан во 36. минута. Изедначувачкиот гол за Алжир го постигна Ахмед Бенбоали во 69. минута, додека победата ја осигура Амин Гуири во 82. минута. Од оваа група, Аргентина веќе обезбеди пласман во елиминацискиот дел, додека во последното коло на 27 јуни ќе се одмеруваат силите меѓу Австрија и Алжир за продолжување натаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве како реагираше Мирослав Клосе откако Меси го собори неговиот рекорд

Фудбалската репрезентација на Аргентина извојува победа против Австрија со 2:0 во второто …