Дома Фудбал Тотенхем планира понуда за Рашфорд

Тотенхем планира понуда за Рашфорд

Тотенхем планира да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, крилото играше како позајмен играч во Барселона минатата сезона, а каталонците ја отфрлија можноста да ја откупат правото на играчот за 30 милиони евра, иако јавно го пофалија неговото изведување на „Камп Ноу“. Наскоро медиумите на Островот открија дека во договорот на Рашфорд со Манчестер Јунајтед постои друга клаузула, која изнесува 40 милиони фунти и важи за сите заинтересирани клубови, освен за големите ривали Ливерпул и Манчестер Сити.

Според „Сан“ и „Мирор“, Роберто Де Дзерби го сака Рашфорд во својот состав, но Тотенхем нема да ја активира таа ослободителна клаузула, туку ќе испрати понуда со пониска вредност до Манчестер Јунајтед.

Самиот Рашфорд најмногу сакаше да остане во Барселона, а последниве неколку недели се зборува дека Мајкл Керик е подготвен да го прими назад во составот на Манчестер Јунајтед. Се тврди дека англискиот репрезентативец не сака да премине во друг клуб од Премиер лигата и ако не оди во странски клуб, голема е веројатноста да остане во Манчестер Јунајтед. Тој има договор со клубот до 2028 година и е еден од најплатените играчи на „црвените ѓаволи“. Неговото неделно примање изнесува 325 000 фунти.

Ситуацијата ја следи и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Златан Ибрахимовиќ даде забележлива изјава за современиот фудбал, овој пат по натпреварот …