Дома Фудбал Нов претседател доби италијанскиот фудбал!

Нов претседател доби италијанскиот фудбал!

Фудбалската федерација на Италија доби нов претседател.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес, на таа функција беше избран Ѓовани Малаго, кој беше поуспешен од Ѓанкарло Абете во борбата да го наследи Габриеле Гравина.

Изборите се одржаа денес во Рим, во просториите на Фудбалската федерација на Италија, а Малаго освои речиси 69% од гласовите.

Овој спортски функционер порано беше и претседател на Италијанскиот олимписки комитет, и тоа од 2013 до 2025 година, и беше најзаслужен за организирањето на зимските Олимписки игри во Италија.

Неговиот претходник Габриеле Гравина се повлече од местото претседател по испаѓањето на Италија во баражот за Светското првенство.

Првата задача ќе му биде одбирање нов селектор…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…