Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед и официјално добија дозвола од Телото за финансиска на УЕФА да играат во истите натпреварувања како нивните сестрински клубови Жирона и Ница следната сезона.
УЕФА е ригорозна кога се во прашање настапите на клубовите во Европа кои имаат заеднички мнозински сопственик.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Фудбалскиот конзорциум Сити Груп ги поседува Манчестер Сити и Жирона, кои оваа сезона ќе играат во Лигата на шампионите, а ИНЕОС Спорт ги поседува Манчестер Јунајтед и Ница, кои ќе играат во Лига Европа.
За да можат да се натпреваруваат заедно во истото натпреварување, Сити Фудбал Груп и ИНЕОС Спорт мораа да го намалат својот удел за околу 30 проценти, а откако го направија тоа, ЦФЦБ (телото за финансиска контрола на УЕФА) им даде дозвола.
Како дел од намалувањето на сопственичките акции во клубовите, Сити Фудбал Груп и ИНЕОС Спорт продадоа дел од сопственоста на Жирона и Ница на независен фонд контролиран од ЦФЦБ.
Исто така е одлучено дека клубовите не можат меѓусебно да разменуваат играчи до септември 2025 година.