Дома Фудбал Нова контроверза на Мундијалот: Многу навивачи тврдат дека Меси требаше да биде исклучен пред хет-трикот (Видео)

Нова контроверза на Мундијалот: Многу навивачи тврдат дека Меси требаше да биде исклучен пред хет-трикот (Видео)

Лионел Меси одигра уште еден натпревар за историја, постигнувајќи хет-трик против Алжир и изедначувајќи го рекордот на Мирослав Клозе по број на голови на Светските првенства. Сепак, по натпреварот многу се зборува за една ситуација од првото полувреме заради која социјалните мрежи буквално експлодираа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на Аргентина се најде во центарот на вниманието по дуелот со искусниот стопер на Алжир Айса Манди.

Во еден обид за одземање на топката Меси, според мислењето на бројни навивачи, нагази на противничкиот фудбалер во пределот на листот и Ахиловата тетива.

Манди остана на тревникот видно болен, додека телевизиските камери брзо го прикажаа забавениот снимак од спорната ситуација.

Многумина очекуваа дека полскиот судија Шимон Марчиниак ќе биде повикан да го прегледа снимакот.

Тоа, меѓутоа, не се случи. Меси не доби ни жолт картон, а натпреварот продолжи без интервенција од ВАР.

“Доколку ова го правеше некој друг играч, ќе добиеше црвен картон”, напиша еден навивач.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси избегна црвен картон, навивачите гневни: “СП е наместено”

Лионел Меси на извонреден начин го започна Светското првенство во Северна Америка, станува…