Дома Фудбал Maгичниот Меси со хет-трик ја водеше Аргентина до победа и го израмни големиот рекорд на Клосе (Видео)

Maгичниот Меси со хет-трик ја водеше Аргентина до победа и го израмни големиот рекорд на Клосе (Видео)

На стадионот Ероухед во Канзас Сити, Аргентинските фудбалери ја започнаа одбраната на светската титула со убедлива победа над селекцијата на Алжир, завршувајќи го натпреварот со резултат 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По девет минути, капитенот Меси од далечина постигна извонреден погодок со кој Аргентина поведе. Двете екипи играа внимателно до крајот на првото полувреме и не им дозволија многу шанси на спротивниот тим.

Во второто полувреме, избраниците на селекторот Владимир Петковиќ не успеаја да прикажат подобра игра, додека Аргентина целосно доминираше на теренот.

Во 60-тата минута на натпреварот, Меси го зголеми водството, а во 76-тата минута го комплетираше својот хет-трик, за конечен резултат од 3:0. Со ова, Меси го изедначи рекордот на Мирослав Клосе за погодоци на светските првенства. Сега и двајцата фудбалери имаат по 16 голови на светските турнири, а по нив е Роналдо Бразилецот со 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малдини стана шеф на италијанскиот фудбал, па веднаш избра нов селектор

Андреа Пирло неочекувано се истакна како главен фаворит за клупата на италијанската фудбал…