Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо купи напаѓач, прегледи во Манчестер, Арсенал не се избрукал со Мари

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо купи напаѓач, прегледи во Манчестер, Арсенал не се избрукал со Мари

Влегуваме во самата завршница на трансфер пазарот, па така очекуваме и повеќе потписи – бидете во тек со се што се случува!

Бруно Фернандеш денес ги минува прегледите во Манчестер, до крајот на денот се очекува да стави и потпис. За овој трансфер договор беше постигнат вчера. (тука)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ново засилување на Тотенхем е напаѓачот на ПСВ Стивен Бергвајн. Тотенхем беше во потрага по напаѓач од кога се повреди Кејн, па на крајот пристигна 22 годишниот фудбалер за кој платија 30 милиони евра. (тука)

После Ибрахимовиќ и Тијаго Силва може да се врати во Милан!? (тука)

Поранешниот голем талент Хуан Итурбе се враќа во Италија. Договорен е негов трансфер во редовите на Џенова. Пристигнува од Пумас.

Барселона наводно испратила понуда за Тадиќ, но Ајакс ја одбил. (тука)

Додека се чека да се реши ситуацијата со Жиру, Челзи е во потрага по замена за Французинот. Денес започнаа да се поврзуваат Дрис Мертенс од Наполи. Жиру е расположен за трансфер во Тотенхем, но тешко дека Челзи ќе дозволи да го засили градскио ривал.

Ваљадолид денес го претстави Хатем Бен Арфа.

Младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао е воодушевен што „росонерите“ во овој преоден рок го доведоа Ибрахимовиќ: „Некогаш играв со него на ПлејСтејшн, а денес му асистирав за гол. Не престанувајте да сонувате“,

Познатиот италијански новинар, Фабрисио Романо објави дека КриштоФ Пјонтек постигнал договор со германска Херта. (тука)

Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот на Рикардо Родригез од Милан во Наполи е веќе договорен. Ако Родригез навистина замине на негово место Милан може да го доведе левиот бек на Виган Ентони Робинсон (тука)

Иако претходните денови се пишуваше пропаднал трансферот на Пабло Мари во Арсенал, Фламенго потври дека Мари е нов играч на Арсенал. Ќе потсетиме се пишуваше дека Арсенал го договорил трансферот, па не бил во можност да го плати.

Набрзо откако Фламенго го продаде Пабло Мари го официјализираше трансферот на Леао Переира од Атлетико Параненсе.

Јувентус наводно покажал интерес за Мануел Локатели од Сасуоло. Локатели е дете на Милан, него Сасуоло го купи за 12 милиони евра. Интересно е што единствениот гол во кариерата го даде токму против Јувентус играјќи за Милан. И на тој гол веројатно сите навивачи на овие два клуба се сеќаваат.

Eве ја и официјалната потврда за Мари од Арсенал.

Ништо од трансферот на Родригез. Милан ја одбил понудата од Наполи. Засега не се очеува да пристигне нова.

Аргентинските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед се согласил да го испрати Рохо на позајмица во Естудијантес. (тука)

Jунајтед договорил 20 годишен голман! (тука)

Фудбалерот кој констатно се поврзува со заминување од Баерб, Жером Боатенг се степал на тренингот! (тука)

Блез Матуиди иако добива критики од навивачите, Јувентус наводно се одлучил да му понуди нов договор. (тука)

Повеќе нема дилеми! Сусо го напушта Милан. Сусо слетал во Севиља каде што бил пречекан од Мончи, следуваат лекарските прегледи.

Oфицијално: Вилфред Бони е нов играч на Ал Итихад од Саудиска Арабија. Сигурно се сеќавате на неговите настапи во дресот на Свонси…

Според медиумите на Островот и покрај тоа Арсенал и понатаму се обидува да го обезбеди потписот на Сендрик Сораес во овој преоден рок.

Информациите од Италија говорат дека Андрее Петања утре ќе пристигне на леркарски прегледи во Наполи.

OФИЦИЈАЛНО: Бруно Фернандеш е играч на Манчестер Јунајтед! (тука)

Нови информации за Сендрик Сораес и Арсенал. Познатиот новинар на „Би-Би-Си“, Дејвид Орнштајн објави дека овој трансфер ќе биде завршен во наредните 24 часа. Договорот е позајмица до крајот на сезоната за 5.5 милиони евра и Арсенал ќе ја плаќа платата на Сораес. Арсенал ќе има и предност ако сака да го откупи неговиот договор во однос на другите клубови.

Откако пропаднаа преговирте на Барселона со Родриго, се огласи Сетиен. (тука)

Нова опција за Родригез откако пропадна неговиот трансфер во Наполи е холандски ПСВ, објави Ди Марцио.

Бомба од Островот: Евертон одбил 100 милиони евра од Барселона! Мета бил – Ричарлисон! (тука)

Имаме информации од Германија за Пјонтек. Наводно, полскиот напаѓач отпатувал во Германија со својот агент на финализација на договорот со Херта.

Tрансферот на Марко Пјаца во Каљари пропадна. Сега фаворит во последните три дена за неговиот потпис е Сампдорија.

ШОК ОД АНТАЛИЈА: Самсонеко им порачал на фудбалерите да си бараат нови клубови! (тука)

Потврдено заминувањето на Флоренци во Валенсија (тука)

Сусо е нов играч на Севиља!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…