Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот на Рикардо Родригез од Милан во Наполи е веќе договорен.
Родригез не сака да остане во Милан и да ја грее клупата, па веќе се договорил со Наполи, каде повторно ќе соработува со Џенаро Гатузо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двата клуба постигнаа договор, па Родригез ќе се пресели во Наполи на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп следното лето.
Малдини веќе пронајде замена за Швајцарецот, а станува збор за левиот бек на Виган Ентони Робинсон. „Росонерите“ сметаат дека Робертсон е одлично засилување кое може да пристине за мала сума на „Сан Сиро“ и да му биде резерва на Тео Хернандез.
Робинсон има 22 години, потекнува од школата на Евертон, а Милан може да го добие неговиот потпис за 10 милиони фунти.