Дома Македонски спорт Мак фудбал Шок од Анталија: Самсоненко се повлекол од Вардар, фудбалерите добиле порака да си бараат нови клубови!

Шок од Анталија: Самсоненко се повлекол од Вардар, фудбалерите добиле порака да си бараат нови клубови!

Шокантна вест пристигнува од Анталија – Сергеј Самсоненко дигнал раце од Вардар!

Денес Вардар одигра 0:0 со Црвена Звезда, а после овој натпревар играчите се сретнале со првиот човек на клубот Сергеј Самосненко кој им порачал дека се слободни да си бараат нови клубови.

„Сите сте слободни да си барате нови клубови, додека има време“, биле зборовите со кои Самсонеко им се обратил фудбалерите.

Ова е шокантно за сите во клубот, Вардар беше во криза, меѓутоа после одличната полусезона во која Вардар е лидер се очекуваа подобри денови за клубот. Ќе потсетиме Вардар во првенството има осум бода предност на лидерската позиција пред Шкендија.

Засега не е познато каква е одлуката на Самсоненко кога во прашање е ракометниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Табаковиќ ја прекина кризата на Земун: Мојсов со првенствена победа во Србија

Ѓорѓи Мојсов го предводеше Земун до 1:0 над Мачва, прв триумф по 12 кола без победа. Решав…