Криштоф Пјонтек падна во сенка на Златан Ибрахимовиќ, оваа сезона игра непрепознатливо, па Милан е спремен да го продаде.
Интерес за полскиот напаѓач покажуваа Тотенхем и Челзи, кои сакаа да го донесат напаѓачот на позајмица со право на откуп, но Милан е спремен да го продаде само во перманентен трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последните информации од Апенините се дека Пјонтек е многу блиску до трансфер во Германија и тоа во Херта Берлин.
Преставници на Херта пристигнаа во Милано и доставија понуда од 28 милиони евра во кеш, плус 5 милиони во име на бонуси, понуда која Милан ја прифати.
Сега останува уште германскиот клуб да ги договори личните услови со напаѓачот за да се комплетира трансферот.
Herta Berlin have started talks with AC Milan to sign Krzysztof Piatek on a permanent deal – trying also to find an agreement with the striker. Tottenham are still in the race but just offering loan at the moment. ?? #transfers #Herta #Milan #THFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 29, 2020