Ѕвездата на ПСВ и холандски репрезентативец, Стивен Бергвајн и официјално беше промовиран во нов играч на Тотенхем.
Бергвајн денес пристигна во Лондон на лекарски прегледи и позираше со дресот на Тотенхем, а ја имаше и првата средба со менаџерот Жозе Мурињо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За да ги осигурат услугите на 22-годишниот фудбалер, раководните лица на лондонскиот клуб платија обештетување од 30 милиони евра.
Иако се уште не е официјално претставен, холандскиот „Телеграф“ излезе со фотографии на кои Бергвин позира во дресот на Тотенхем, па се очекува само официјална потврда.