Германски „Билд“ пишува за судир на тренингот на Баерн!
Реномираниот медиум пренесува дека на тренингот на германскиот гигант дошло до конфликт помеѓу Горецка и Боатенг. До судирот наводно дошло после неколку провокации и остри стартови, „подебелиот“ крај според информациите го извлекол поранешниот играч за врска на Шалке.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот реагирал и тренерот на екипата Ханс Флик кој успеал да ги раздвои. Се било завршено со полесен физички контакт. Боатенг инаку е фудбалер кој во кариерата имал неколку скандали. Пред четири години во Баерн на тренингот имаше проблем со Левандовски, а во неговата најголема афера беше објавено дека два пати ја претепал сопругата.
За Боатенг во последно време многу се пишува дека ќе го напушти Баерн, можеби и тоа е една од причините поради што ги изгубил нервите.