Дома Фудбал Англија Саутгејт се огласи за најавите дека може да стане тренер на Манчестер Јунајтед

Саутгејт се огласи за најавите дека може да стане тренер на Манчестер Јунајтед

Со недели се шпекулира за доаѓањето на селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт во Манчестер Јунајтед. Поради тие наводи Саутгејт oдлучи да излезе и да демантира се.

Неговиот договор со Фудбалскиот сојуз на Англија истекува во декември, па тој би можел да си замине веднаш по Европското првенство во 2024 година или да го продолжи договорот до летото 2026 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не сакам да преговарам со никого. Никогаш не сум се ни обидел да преговарам во овие осум години додека имам актуелен договор. Мојот фокус е Европското првенство, затоа се потпишува договор до завршувањето, треба да се докажеш за да добиеш нов договор. По Европското првенство ќе разговараме.“, вели Саутгејт и додава:

„Има две работи од моја гледна точка. Прво, јас сум селектор на Англија и имам работа, се обидувам да го донесам дома трофејот од Европското првенство. Очигледно, пред тоа имам два важни натпревари. оваа недела. И втората работа е дека Манчестер Јунајтед има менаџер. „Мислам дека е целосно непочитување да се зборува за клуб кој има тренер. Јас сум претседател на здружението на менаџери, така што имам и дополнителна одговорност.“, рече Саутгејт.

Англиската репрезентација денеска игра пријателски натпревар против Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што значеше гестот на Араухо по црвениот картон? 🎥

Бaрселоа загуби со 1:4 од Пари Сен Жермен пред своите гледачи во реваншот од четврт-финале…