Mиралем Пјаниќ ги минува последните недели во Јувентус откако пред неколку дена официјално стана фудбалер на Барселона каде што ќе се пресели на крајот од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Преговорите помеѓу Барселона и Јувентус се водеа скоро два месеци, а на крајот работата се заврши на задоволство на сите страни. Пјаниќ оди на „Ноу Камп“, а Артур Мело ќе го замени во Торино.
После вчерашниот натпревар против Џенова Сари беше запрашан да ја прокоментира ситуацијата на босанскиот репрезентативец.
„Со Пјаниќ овие денови не сум разговарал…Последен пат разговаравме после карантинот, во овие 20-25 дена беше резервиран“, изјави Сари.
Пјаниќ со Барселона потпиша договор на четири години и во истиот има откупна клазула од 400 милиони евра.