Дома Фудбал Керик се согласи на потег кој Мурињо и Аморим го одбиле

Керик се согласи на потег кој Мурињо и Аморим го одбиле

Според информациите кои ги носат британските медиуми, Манчестер Јунајтед следната сезона ќе биде главната ѕвезда на новата документарна серија на компанијата Amazon Prime.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Камерите ќе го следат клубот во текот на комплетната сезона 2026/27. Ова ќе биде и првата комплетна сезона на Мајкл Керик на клупата на Црвените Ѓаволи.

Amazon за овој проект наводно издвоил рекордна сума, најголема откако го снима популарниот серијал “All or Nothing”.

Иако точната сума не е објавена, британските медиуми наведуваат дека станува збор за договор кој ги надминува претходните договори со Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити.

Познато е дека Тотенхем за документарецот за сезоната 2019/20 добил околу десет милиони фунти.

Слична сума заработи и Арсенал неколку години подоцна.

Поради тоа се претпоставува дека Манчестер Јунајтед ќе инкасира уште повеќе.

Снимањето ќе започне веќе за време на летните подготовки.

Камерите ќе го следат тимот на турнеја која вклучува натпревари во Финска, Норвешка, Шведска, Ирска и Полска.

Навивачите така ќе имаат можност да видат детали од соблекувачката, состаноци на стручниот штаб, тренинзи и секојдневниот живот на играчите кој досега не бил достапен за јавноста.

Интересно е што Манчестер Јунајтед со години одбивал слични проекти. Жозе Мурињо беше меѓу најголемите противници на идејата дека камерите имаат пристап до соблекувачката.

Сличен став имал и Рубен Аморим, кој исто така одбивал можноста секојдневниот живот на тимот да се претвори во телевизиска содржина.

Керик очигледно размислува поинаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гави се израмни со иконата Пеле

Играчот од средниот ред на Барселона Гави стана само шестиот фудбалер во историјата кој уч…