Дома Фудбал Холандски тренер на чело на гигантот од Ротердам!

Холандски тренер на чело на гигантот од Ротердам!

Фејенорд реши новата сезона да ја започне со нов тренер. Во клубот одлучија да раскинат со Робин ван Перси и брзо му најдоа замена.

Според холандскиот ESPN, новиот тренер ќе биде Џовани ван Бронкхорст.

Тој го напушти Ливерпул каде што беше дел од стручниот штаб на Арне Слот, кој доби отказ.

Ван Бронкхорст има искуство во самостојна работа бидејќи го водеше токму Фејенорд 4 години, Бешикташ и Ренџерс. Екипата од Глазгов ја водеше во двомеч против Црвена звезда во Лига Европа кога во 1/8 финалето славеа со вкупен резултат од 4:2.

Ван Бронкхорст и како играч играше за Фејенорд каде одигра 249 натпревари. Играл уште за Барселона, Ренџерс и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПМФЛ: Голови паѓаа во Чегране и Кавадрци, но никој не победи

Седмото коло во Првата македонска фудбалска лига започна ефикасно, со осум гола на првите …