Дома Фудбал Биелса објаснува зошто не гледаше во камерата на фотосесијата за Светското првенство

Биелса објаснува зошто не гледаше во камерата на фотосесијата за Светското првенство

Марсело Бјелса реагираше на неговата вирална фотосесија за ФИФА, при што одби да гледа во камерата, цврсто нагласувајќи дека тој „не е манекен“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот на Уругвај, кој има 70 години, беше снимен како гледа долу за време на медиумските обврски пред Светското првенство, а тој момент брзо се рашири на социјалните мрежи. По изедначувањето на неговиот тим 1:1 против Саудиска Арабија во Мајами, на прашањето зошто избрал да не гледа во камерата, Бјелса изјави дека не е обврзан да ги објаснува своите постапки.

Не морам да давам никакви објаснувања. Фотографијата излезе така како што излезе. Јас не сум манекен. Немам одговор на тоа. Дали треба да објаснувам и зошто не гледам во оние кои сега зборуваат (на прес-конференцијата)?”

Бјелса накратко премина на следното прашање, но потоа самиот се врати на темата за необичната фотосесија.

Верувам дека има граница во она што треба да го објаснуваме. Ако гледам нагоре или надолу, дали е тоа нешто што толку многу бара објаснување? Некои ситуации не бараат објаснување. Немаме обврска да се однесуваме како манекени. Тие работи немаат основа. Не направив ништо погрешно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранскиот селектор Амир Галенои изјави дека неговата репрезентација само неколку часа по н…