Дома Фудбал Де ла Фуенте: Ни недостигаше свежина

Де ла Фуенте: Ни недостигаше свежина

Селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте остана смирен по неочекуваниот лош резултат на стартот на Мундијал 2026. „Ла Роха“ одигра нерешено без голови против дебитантот Кабо Верде, но искусниот тренер не смета дека тимот разочарал со својата игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Важно е да останеме конзистентни и да ги следиме идеите во кои веруваме. Да, можеби не бевме доволно прецизни во завршната фаза. Тоа беше еден од оние натпревари кога создаваш многу шанси, но ги пропушташ“, изјави Де ла Фуенте.

„Веројатно ни недостигаше и малку свежина. Кабо Верде има многу организиран тим. Тие се повлекоа во ниска одбрана уште од самиот почеток и беше тешко да доаѓаме до чисти позиции. Во одредени моменти успевавме, но требаше да ја пренесуваме топката побрзо“, продолжи тренерот на Шпанија.

„Сигурно не ни недостигаше желба. Упативме многу удари, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот“, истакна Де ла Фуенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…