Дома Фудбал Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Екипите кои ќе бидат елиминирани уште во групната фаза на Светското првенство во фудбал ќе се вратат дома со финансиски загуби од нивното учество на Светското првенство 2026, но за судиите, ситуацијата е сосема позитивна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само за нивното учество на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, секој судија кој ќе го води натпреварот на теренот ќе добие 100 000 долари, пишува thetimes.com. Главниот судија ќе добива по 3 000 долари за секој натпревар во групната фаза на Светското првенство, додека водењето на екипите во натпреварите од елиминацијата, полуфиналињата и финалето ќе му донесе дополнителни 10 000 долари.

Ако се задржат традициите, дека судијата кој го води финалето на секое Светско првенство, има по четири натпревари на турнирот, тогаш тој ќе се врати дома со 126 илјади долари. Ниту помошните судии не се занемарени. Секој помошник ќе добие по 25 000 долари. Сумата ќе се удвои во елиминационите фази. Судиите кои им помагаат на нивните колеги на теренот од собата за видеонадзор или т.н. ВАР-судии, добиваат по 3 000 долари за секој натпревар од групната фаза и 5 000 долари во елиминационите натпревари. Резервните арбитри ќе добијат по 2 500 долари за секој натпревар од групната фаза, а во елиминационите фази нивното наградување се зголемува до 5 000 долари по натпревар.

ФИФА има ангажирано 52 главни судии, 88 асистент-судии и 30 видео-асистент судии за турнирот.

Еден од нив веќе е исклучен – судијата од Сомалија Омар Артан, на кого му беше одбиена визата за влез во САД. Сепак, тој ќе добие комплетно финансиско наградување, веќе објавија од светската централа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…