
Напаѓачот продолжува со рехабилитација од повредата и се очекува да се врати на терените дури во нокаут фазата на Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар и натаму ја следи програма за закрепнување и не учествуваше на последниот тренинг на бразилската репрезентација. Тренерскиот тим, предводен од Карло Анчелоти, нема намера да го изложи на ризик и затоа е сигурно дека ќе го пропушти натпреварот против Хаити, како што пренесуваат бразилските медиуми.
Напаѓачот се соочува со повреда на десниот лист на ногата, која ја заработи пред скоро месец, играјќи за Сантош. Иако периодот на закрепнување требаше да заврши на 17-ти јуни, тимот на лекари смета дека раното враќање на теренот би било доста ризично.
За проценка на неговото закрепнување, Нејмар беше на нови прегледи и се уште му е потребен дополнителен период за физичка транзиција пред да се врати во тимот.
Приоритет за Анчелоти е да обезбеди Нејмар да биде целосно подготвен за нокаут рундата, избегнувајќи ризик од повторна повреда. Планот е тој да биде дел од осминафиналните натпревари, а евентуалното вклучување против Шкотска во последното коло од групната фаза ќе се разгледа само ако се покаже крајна потреба. Ремијата на отворањето против Мароко не ја смени оваа стратегија.
Рафиња, Бруно Гимараеш и Габриел Магалаеш беа изоставени од тренинзите поради акумулираниот замор од натпреварот против Мароко.
Тројца играчи го следеа тренингот на своите соиграчи од теренот, а напаѓачот на Барселона беше облечен во папучи.