Дома Фудбал Навивачите на Иран подигнаа транспарент што ќе ги налути Американците (Видео)

Навивачите на Иран подигнаа транспарент што ќе ги налути Американците (Видео)

Мечот од првото коло на групата Х на Светското првенство помеѓу Иран и Нов Зеланд во Инглвуд не привлече внимание само поради случувањата на теренот, туку и поради силната порака што се забележа на трибините на стадионот SoFi.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зад еден од головите навивачите поставија голем транспарент со кој им оддадоа чест на жртвите од нападот на основното училиште во Иран, во кој, според иранските извештаи, во февруари оваа година загинаа 168 лица, претежно деца. Нападот се случи на 28 февруари 2026 година во основно училиште во градот Минаб на југот на Иран. Повеќето информации во медиумите упатуваат на тоа дека училиштето во Минаб било погодено од американска ракета за време на американските удари врз Иран.

Пораката брзо го привлече вниманието на присутните навивачи, но и на гледачите ширум светот кои го следеа мечот преку телевизискиот пренос.

Бројот 168 последните месеци стана силен симбол во иранската јавност и меѓу навивачите на репрезентацијата.

Одамна уште при пристигнувањето на Светското првенство иранските репрезентативци носеа значки со натписот “#168” во знак на сеќавање на загинатите во нападот на училиштето во градот Минаб на југот на земјата.

Zad еден гол тука на стадионот SoFi, навивачите покажаа транспарент кој се однесува на 168 лица убиени со ракетен напад во март во основно училиште во Иран. pic.twitter.com/zWHvy74aNF— Andrew Greif (@AndrewGreif) June 16, 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекoрот доби отказ по тежок пораз на стартот од СП

Тежок пораз од Шведска со 5:1 на отворањето на Светското првенство предизвика потреси во т…