Раководството на Реал Мадрид работи на доведување на втор голман, откако Кејлор Навас официјално побара да замине од клубот.
Според шпанските медиуми „кралевите“ бараат голман кој ќе прифати да биде резервна опција, притоа ќе биде искусен и да може Зидан да се потпре на него кога ќе има потреба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „АС“, прва желба е шпанскиот ветеран и член на Милан, Пепе Реина.
Идејата на Реал е да го донесат Реина на позајмица на една сезона, бидејќи од следната сезона сакаат да сметаат на младиот украински голман Андеј Лунин, кој беше испратен на позајмица во Ваљадолид.
Реина е втор голман на Милан, па доколку „росонерите“ не го продадат Донарума до крајот на сезоната, ќе бидат спремни да го испратат Шпанецот на „Сантиаго Бернабеу“.
Real Madrid are evaluating Pepe Reina as a possible replacement for Keylor Navas should the latter leave. Real believe Milan would not oppose his departure and consider him one of the primary alternatives [AS] pic.twitter.com/9hvDrEyzw7
— Milan Eye (@MilanEye) August 22, 2019