Дома Фудбал Драма во САД: Ограбени репрезентативците на Англија!

Драма во САД: Ограбени репрезентативците на Англија!

Во текот на ноќта од петок кон сабота, репрезентативците и тренерскиот тим на Англија доживеале кражба пред да пристигнат во Канзас Сити, каде што треба да се соочат со Хрватска. Веста ја пренесоа сите значајни британски медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската федерација на Англија соопшти дека меѓу украдените предмети се наоѓаат топки и копачки. Крадците ги извршиле своите намери пробивајќи се во возилата кои ги пренесувале предметите од Флорида до „Свуп сокер вилиџ“.

Покрај останатото, украдени се копачките на најголемите ѕвезди како што се Хари Кејн и Џуд Белингем, а исто така и белите табели на селекторот Томас Тухел, како и топките кои биле користени за тренинг на неговите избраници.

BBC известува дека две лица се уапсени како осомничени, но овој инцидент е очекувано да предизвика потешкотии за Тухел во подготовката за натпреварот од Л групата на Светското првенство Англија – Хрватска, кој треба да започне во среда од 22 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ја активираше првата летна „бомба“ од 60 милиони евра!

Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на левиот бек Марк Кукуреља од Челзи, објави …