Дома Фудбал Ибрахимовиќ откри за кој фудбалер би платил и најскапа карта да го гледа на Мундијалот

Ибрахимовиќ откри за кој фудбалер би платил и најскапа карта да го гледа на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ го истакна Ламин Јамал, како играч кој со нетрпение сака да го гледа на Светското првенство во 2026 година.

Шведската ѕвезда смета дека Јамал поседува редок квалитет поради кој вреди да се купи влезница, без разлика колку и да чини таа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Говорејќи за влијанието што ова осумнаесетгодишно момче го има врз фудбалската игра, Ибрахимовиќ изјави за Fox Sports:

“Ламин Јамал е исклучителен играч. Тоа е играч за кој плаќате за тие многу скапи карти, играч за кого доаѓате на стадион и благодарение на кој можете едноставно да уживате во искуството”, рече тој.

Златан вели дека присуството на овој крила напаѓач во живо е сосема поинакво искуство.

“На телевизија изгледа посебно, но одблизу е уште поневеројатен. Со само 18 години, тоа е фасцинантно. Секој пат кога ќе ја допре топката, може да се види дека е различен. Неговата контрола на топката, дриблингот, способноста за постигнување голови… сите мои надежи за одлична игра се фокусирани на него”, додаде тој.

Инаку, шпанската репрезентација ќе го одигра својот прв натпревар на ова Светско првенство против Зеленортските Острови, а овој дуел е закажан за 18 часот во Атланта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…