
Ѕвездата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил, Винисиус Жуниор, со голем оптимизам го дочекува првиот натпревар на Светското првенство против Мароко. Пред пресметката со африканските шампиони, кои пред четири години во Катар стигнаа до полуфиналето, Винициус на прес-конференцијата изјави дека Бразил е подготвен на чело со Карло Анчелоти да пишува нова историја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Запрашан за големиот притисок кој го следи бразилскиот национален тим, Винисиус призна дека очекувањата се огромни. “Да, тоа е нормално. Но, немам сомнежи, сигурен сум дека можеме да направиме историја. Долго се подготвувавме за да стигнеме овде и се надевам дека бразилскиот народ ќе ни даде поддршка. Имаме голема желба да ги направиме среќни”, изјави тој.
Огромни се очекувањата од Бразил
“Очекувањата се огромни и разбирам дека луѓето сакаат да нè видат дома со трофејот. Лошо ги започнавме квалификациите и тоа очигледно ја наруши довербата на навивачите. Знам дека за многумина не сме фаворити, но сега сите започнуваме од нула. Сигурен сум, како и моите соиграчи, дека можеме да одиграме одлично Светско првенство.
На нас е голем притисок бидејќи сме земја со најмногу титули, но ние сме одлична група со силна желба да ја промениме фудбалската историја на нашата земја”, додаде Винисиус, подвлекувајќи дека се наоѓа во фантастичен момент од кариерата, физички и технички, и дека добива голема доверба од селекторот Анчелоти.