Дома Фудбал Катар најде начин да има навивачи – си купува! (Фото)

Катар најде начин да има навивачи – си купува! (Фото)

Пред првиот натпревар на Катар на Светското првенство, што се игра вечерва во 21 часот против Швајцарија, катарските навивачи кои престојуваат во Сан Франциско добиле порака дека присуството на навивачкиот марш кој се одржа во петок било “задолжително”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Катарскиот национален тим се подготвува за својот втор настап на ФИФА Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада. За разлика од нивниот прв настап во 2022 година, кога Катар беше домаќин, овој пат тие се квалификуваа преку пласман.

Квалификации наместо домаќинство

Претходното Светско првенство, кога Катар беше домаќин, става оваа блискоисточна земја под сериозна светска критика. Земјата се соочи со сериозни обвинувања за прекршување на човековите права, особено за третманот на мигрантските работници и рестриктивните закони кон LGBTQ+ популацијата.

Тоа првенство стана исклучителен пример на таканареченото “спортско перење на угледот”, процес во кој земјите употребуваат спорт за да го подобрат својот меѓународен имиџ и да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми.

Овој пат, Катар се квалификуваше за проширеното Светско првенство на ФИФА 2026 на терен. Тие се наоѓаат во групата Б, и своето патување го започнуваат на 13 јуни, со натпревар против Швајцарија на стадионот Леви’s. Потоа ќе отпатуваат во Ванкувер за дуел со Канада на 18 јуни, а групната фаза ја завршуваат со натпревар против Босна и Херцеговина во Сијетл на 24 јуни.

Илјада навивачи на државна сметка

За да обезбедат силна поддршка од трибините, Катарскиот фудбалски сојуз и Државниот фонд за социјален и спортски придонес, DAAM, организираа патување во Северна Америка со покриени трошоци за 1000 навивачи, известува Катарската новинска агенција.

Фондот осигура финансиска поддршка за целосна програма која вклучува летови со Qatar Airways, хотелско сместување и копнен транспорт. Навивачите пристигнаа во САД со три чартар-летови на 9, 10 и 11 јуни.

За делегацијата на навивачи се обезбедени 12 хотели: пет во Сан Франциско, четири во Ванкувер и три во Сијетл. Во оваа група е вклучена и навивачката иницијатива “Maroon Stand”, основа пред почетокот на Азиското купо 2023 година за да ги поттикне младите да го поддржат тимот.

Поддршката ќе вклучува и катарски студенти кои живеат во САД и Канада, кои се поканети на натпреварите во координација со дипломатските мисии.

Задолжителен марш во Сан Франциско

Во петокот, навивачите се собраа во Сан Франциско и маршираа, што официјалните катарски медиуми го опишаа како “дополнителен знак на поддршка”. Меѓутоа, за оние чие патување е финансирано од владата, присуството не беше избор.

Катарскиот инфлуенсер Абдула Ал Гафри, познат на социјалните мрежи како QQQ, објави постер за маршот на својот Инстаграм профил со 2.4 милиони следбеници. Во летокот, кој е на арапски, се наведува дека присуството на маршот е “задолжително” за сите навивачи сместени во петте хотели во центарот на Сан Франциско, објавува SFGate. Се истакнува дека присуството е опционо за навивачите кои престојуваат во хотелите во Санта Клара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јаја Туре стана тренер во Словачка!

ЈАЈА ТУРЕ е новиот тренер на Слован Братислава. Овој поранешен фудбалски ас (43) потпиша т…