
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го отвори Светското првенство со нерешен резултат против Канада, а во Травник се случи инцидент по завршувањето на натпреварот.
По крајот на натпреварот, дојде до инцидент во кој хрватските навивачи, кои ги има многу во Босна и Херцеговина, ги нападнаа навивачите на „Змејовите“ и следеше општа мешаница за време на прославата по освојувањето на бодот.
Како што пренесуваат медиумите, полицијата брзо интервенирала и спречила поголем инцидент, а навивачките групи од двете страни брзо се разотишле. На улицата летаа и факли, сето тоа во моментот кога таа беше преплавена со автомобили со знамиња на Босна и Херцеговина.
.