
Катар своето прво учество на светските првенства го осигура како домаќин, но нивниот дебитантски настап пред четири години заврши неславно. Го завршија турнирот како најлоши, со три порази и гол-разлика од 1:7. Овој пат дојдоа во Америка квалификувани преку теренските борби. Тимот кој од лани го води Жулен Лопетеги ќе се обиде во Санта Клара да дојде до историскиот прв бод на светските првенства, но ги очекува исклучително тежок испит против амбициозната Швајцарија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Швајцарија пристигнува во САД со сериозни амбиции, за што има и добра основа. Поминувањето на групната фаза, кое го постигнаа на последните три светски првенства, се смета за минимален успех, но овој пат тимот жеднее и за чекор понатаму. Но, најпрво треба да ја минат катарската препрека.
Последниот тест пред турнирот, ремито 1:1 со Австралија, не се одвиваше по плановите, што можеби и му дојде добро на селекторот Мурат Јакин да го зголеми притисокот. Капитенот Гранит Џака по мечот беше многу директен.
“Не можеме вака да играме, инаку ќе се вратиме дома по три натпревари. Мораме да се разбудиме, ова 1:1 е повик за будење за сите нас. Кога вложуваш труд, тоа се гледа на теренот, а тоа недостасуваше кај нас на тренинзите оваа недела,” им порача Џака на своите соиграчи.